Во Франција нови протести и штрајкови поради најавената пензиска реформа

од Stefanija Kuzmanovska

Синдикатите во Франција денеска ќе организираат нови демонстрации и штрајкови во акција против пензиските реформи, кои се очекува да бидат меѓу најмасовните од почетокот на протестите во средината на јануари.

Според организаторите, најголемата акција против законот на претседателот Емануел Макрон ќе се одржи денеска по речиси два месеци протести.

Предлог-законот оваа недела се разгледува во францускиот Сенат и се очекува да биде усвоен.

Ова е шести ден акција откако на 19 јануари започнаа протести и штрајкови во повеќе сектори.

Слични содржини