Во Франција и Канада регистрирани првите сомнителни случаи на мајмунска сипаница

од Stefanija Kuzmanovska

Првиот сомнителен случај на инфекција со вирусот на мајмунска сипаница на територијата на Франција е откриен во регионот на Париз Ил де Франс, соопшти денеска француското Министерство за здравство.

Мајмунската сипаница е вирус кој предизвикува симптоми на треска и осип, објави „Ројтерс“.

Канадската државна здравствена агенција во четвртокот потврди два случаи на инфекција со мајмунска сипаница, откако властите на провинцијата Квебек објавија дека истражуваат 17 сомнителни случаи.

Неколку земји, вклучувајќи ги Португалија, Велика Британија и Шпанија, неодамна пријавија случаи на мајмунски сипаници, додека во средата во Масачусетс беше потврдено дека маж кој неодамна отпатувал во Квебек, Канада, се заразил со вирусот, објави „Ројтерс“.

Провинцијата Квебек беше информирана дека два примероци тестирани во Националната микробиолошка лабораторија биле позитивни на мајмунски сипаници. Ова се првите два потврдени случаи во Канада.

Слични содржини