Во Франција од последните 24 часа починале 319 лица од коронавирусот

од Vladimir Zorba

Во Франција од последните 24 часа починале 319 лица од коронавирусот, при што бројот на загинати се искачи на 2.314 од почетокот на пандемијата, соопшти вечерва француската влада.

Според најновиот биланс, заразени се 35.575 лица, 17.620 се хоспитализирани и 4.273 биле реанимирани.

Бројот на загинати се однесува само на пациенти кои починале во болници, така што се уште не е познат точниот број на смртни случаи од вирусот.

Властите воведуваат нов систем за набљудување овој викенд, така што следната недела ќе биде регистриран бројот на загинати во други институции, како што се старечки домови.

Францускиот премиер Едуард Филип во петокот рече дека двонеделниот карантин на населението, што започна на 17 март, е продолжен до 15 април, додавајќи дека истите мерки ќе бидат применети.

Околу 67 милиони Французи беа повикани на 17 март да не ги напуштаат своите домови, а доколку требаше, можеа само во исклучителни прилики – поради набавка на храна и од здравствени причини.

Слични содржини