Германија регистрирала 52.504 нови случаи на инфекција со коронавирус, соопшти денеска Институтот за заразни болести Роберт Кох.
Во извештајот се наведува дека од вчера од Ковид 19 починале 47 лица, а вкупниот број сега е 115.619.
Германија има регистрирано 7,96 милиони случаи на инфекција од почетокот на епидемијата.