Во Германија има недостиг од печалбари

од Vladimir Zorba

Германската работна сила се соочува со тешки времиња поради недоволната нето миграција, се вели во студијата цитирана од ДПА.

На земјата и се потребни 400.000 мигранти годишно за да има постојана работна сила, според Нирнбершкиот институт за истражување на вработување (IAB).

Во исто време, Сојузниот завод за статистика ја процени нето миграцијата во Германија во 2020 година на 208.586 луѓе.

Поради промената на демографијата, бројот на луѓе во германската работна сила ќе станува се помал и помал, предупредува IAB.

Дури и ако жените значително го зголемат работното време, а постарите луѓе подоцна се пензионираат, се очекува работната сила да се намали од сегашните 47 милиони на 44 милиони ако само 100.000 работници мигрираат во земјата секоја година.

Демографските ефекти ќе ја намалат потенцијалната работна сила за 7,2 милиони до 2035 година. Подоцнежното пензионирање и повеќе работни часови за жените би можеле да го ублажат трендот, но нема да го неутрализираат, бидејќи овие фактори се очекува да доведат само до околу 3,4 милиони дополнителни работници.

„Ако миграциските текови останат како што беа долго време пред пандемијата, потенцијалот на трудот ќе се намали за 6 отсто до 2035 година, но до 2060 година падот ќе биде речиси 20 отсто“, рече истражувачот Јохан Фукс од IAB.

Во традиционалните земји на потекло на ЕУ, демографските промени исто така имаат влијание. Платите, особено во послабо платените групи, не се многу полоши таму отколку во Германија, додаде Фукс.

Покрај тоа, како што се повеќе луѓе мигрираат во Германија, се зголемува и странското население кое живее во земјата, како и бројот на луѓе кои заминуваат.

Слични содржини