Во Германија одбини 196.000 влегувања поради сомнеж за коронавирус

од Vladimir Zorba

Германската полиција одбила 196.000 влезови во земјата на граничните премини поради сомнение за инфекција со коронавирус, објави во неделата „Билд ам Сонтаг“ пред укинувањето на контролите за здравствената состојба на патниците на границите.

Бројот на одбиени влезови се однесува на периодот до 11 јуни, изјави германскиот министер за внатрешни работи Хорст Сехофер.

Тој рече дека граничните контроли од 16 март, кога тие проверки биле привремено воведени, ги извршиле 6.000 полицајци.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 122 полицајци се заразени со вирусот, но не дадоа детали.

Сехофер рече дека тие задачи се меѓу најсложените полициски операции и ги пофали офицерите за нивната работа и им се заблагодари во името на целата влада.

Германија планира да престане да ги спроведува граничните контроли воведени на полноќ, како резултат на пандемијата „Ковид-19“, болест предизвикана од новиот коронавирус.

Слични содржини