Во Германија планираат нова кампања за вакцинација

од Milan1

Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах најави почнување на нова кампања за вакцинација следната недела, јави ДПА.

„Наша должност е да допреме до народот“, изјави социјалдемократот за неделниот весник „Билд“.

Тој рече дека широка кампања со постери, како и радио и телевизиски клипови, ќе почне од вторник. Околу четвртина од германското население се уште ја нема примено својата прва вакцина против коронавирус. „Оваа кампања е „покреативна“ од претходните обиди да се поттикнат луѓето да се вакцинираат. И тоа е на многу различни јазици“, додаде Лаутербах.

Новата кампања за вакцинација е насочена кон различни целни групи, вклучително и постари лица, семејства и млади мажи во руралните области, како и луѓе со мигрантско потекло. „Мора да се обидеме со се за да ја надминеме разликата во вакцинацијата, што е предуслов за евентуална задолжителна вакцинација“, рече Лаутербах. Според Институтот Роберт Кох, најмалку 61 милион луѓе во Германија ја добиле основната имунизација со вообичаената втора инекција.

Тоа е 73,3 отсто од вкупното население. Најмалку 41,7 милиони луѓе примиле и трета доза. Седумдневната национална инциденца на нови случаи на 100.000 население, пријавена од Роберт Кох, за првпат го надмина прагот од 800, достигнувајќи 806,8 утринава. Ден претходно беше 772,7, а пред една недела националната инциденца беше 515,7, наспроти само 220,7 во претходниот месец.

Слични содржини