Во Германија трет ден по ред рекорден број на новозаразени

од Milan1

Според Институтот Роберт Кох (РКИ), утринава биле пријавени 39.676 новозаразени лица, што е нов рекорд во Германија.

Претходниот рекорд беше поставен во петокот со 37.120 новозаразени. Рекорди по дневна инциденца се регистрирани и во изминатите два дена. Исто така, загрижувачки е и бројот на починати заразени со коронавирус, бидејќи во изминатите 24 часа починале 236 луѓе.

Пред една недела таа бројка беше 194. Вирологот Кристијан Дростен нагласува дека е потребно нешто да се направи и дека сигурно ќе мора да има ограничување на контактите меѓу луѓето.

– Ние сме во лоша ситуација. Имаме 15 милиони луѓе кои можеле да се вакцинираат, а не се вакцинирале, рече тој.

Слични содржини