Во Гевгелија загина градежник по пад од скеле

од Vladimir Zorba

Во полициската станица во Гевгелија вчера околу 13 чаот и 15 минути од екипа на Итната медицинска помош било пријавено дека кај објектот кој се гради на старата автобуска станица во центарот на градот имало починат работник, соопшти МИА.

По увидот што на местото на настанот го извршиле претставници на полициската станица, јавен обвинител и трудов инспектор било констатирано дека се работи за лицето Н.Т (45) од Богданци кој изведувајќи градежни работи на објектот паднал од скеле и починал на лице место.

Телото на починатиот, по наредба на јавниот обвинител, било пренесено на обдукција во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје.

Слични содржини