“Во главите на нашите партнери е каша”- се чуди Путин откако САД фрлаат од воздух вооружување во Сирија

од desk3

Во главите на нашите партнери е каша. Тоа го изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на VII Инвестициски форум “Россия вика!”, коментирајќи ја предводена од САД коалиција во Сирија, цитиран од руските медиуми.

путин
“Во главите на некои од нашите партнери е каша, не е јасно што се случува на територијата и какви цели тие сакаат да постигнат”, одговори тој на прашањето во врска со активностите на САД во Сирија.

Според него Русија нуди на САД соработка во Сирија, но Вашингтон не само што одбива, но и ја обвинува Москва дека не нанесува удари по позиции на “Исламска држава”.

Според него, САД не велат на Русија какви терористички објекти или места во Сирија не треба да бомбардираат.

Според него коалицијата признава дека не успеала при мисијата да подготви неколку групи од сириската опозиција.

“Признај дека акцијата е неуспешна, а сега само фрлај муниција и муниција”, додаде Путин.

Според него фрлање оружје за снабдување на сириската опозиција од САД, може да падне во рацете на “Исламска држава”. Каде се наоѓа “оваа сириска опозиција?”, одговори тој на прашањето.

Тој потврди дека Русија дејствува во Сирија во согласност со Повелбата на ОН за разлика од меѓународната коалиција предводена од САД.

Интеракциите меѓу Русија и САД во Сирија во воената област се недоволни, убеден е тој. Европа и САД треба заедно со Русија да ги охрабрат страните во конфликтот во Сирија за дијалог со цел политичко регулирање на кризата, додаде Путин.
Рускиот претседател инаку увери дека Москва не се стреми кон лидерство во Сирија.

“Ние не се стремиме кон лидерство во Сирија. Во Сирија може да има само еден лидер – сирискиот народ “, рече тој и додаде дека активностите на Русија се поврзани со борбата против тероризмот.

Путин појасни уште, дека Русија се стреми да ги здружи силите со други земји во борбата против тероризмот.

Претходно, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија верува дека голем дел обезбеденото од САД оружје за сириската опозиција паднало во рацете на терористите.

Воени авиони на САД се испорачале 50 тони муниција на сириската умерена опозиција.

Москва е збунета во врска со изменетиот од САД концепт за поддршка на опозицијата во Сирија, појасни Лавров.

Инаку, тој рече дека Русија е задоволен во однос на дијалогот за Сирија со САД преку воени канали.

Слични содржини