Во голема акција уапсени 35 корумпирани руски полицајци: Се среќавале во луксузна вила каде имале и позлатен тоалет!

од desk4

Како дел од големата антикорупциска акција, беа спроведени повеќе од осумдесет претреси низ цела Русија и беа извршени претреси во бројни полициски канцеларии.

Руските истражители биле шокирани кога упаднале во вила за која се верува дека ја користеле членови на банда корумпирани полицајци.
Позлатениот тоалет е само еден во низата луксузни екстраваганции што истражителите ги пронашле при претрес на раскошниот имот. Истражниот комитет објави видео и фотографии со детали за тоа како изгледала луксузната вила, еден од многуте имоти што биле пребарувани како дел од истрагата, пишува Би-Би-Си.

Уапсени се седум лица, меѓу кои и шефот на сообраќајната полиција на југот од Ставропол, Алексеј Сафонов. За него се верува дека организирал мрежа која земала мито за издавање лажни лиценци на вработените во разни компании. Фалсификувани документи им дозволувале на возачите да ја преминуваат границата со непријавени количини жито, други суровини и градежни материјали без царинење или каква било проверка.

Како дел од големата антикорупциска акција, беа спроведени повеќе од осумдесет претреси низ цела Русија и беа извршени претреси во бројни полициски канцеларии. Обвинетите сè уште не се изјаснија за виновни.

Како дел од големата антикорупциска акција, беа спроведени повеќе од осумдесет претреси низ цела Русија и беа извршени претреси во бројни полициски канцеларии, каде беа пронајдени голема количина на готовина и разновидна луксузна стока. Руските истражители соопштија дека групата на Сафон работи веќе неколку години и дека земала мито во вредност од најмалку 255.000 американски долари.

Сафон сега се соочува со 15-годишна затворска казна доколку биде осуден. Пратеникот од Единствена Русија, Александар Кинстејн, за Би-Би-Си изјави дека, според негово знаење, биле уапсени најмалку 35 руски полицајци за сообраќајна полиција.

– Во суштина тоа беше мафија која дејствуваше во областа на Ставропол и тие заработуваа од сè, од лажни регистарски таблички до дозволи за транспорт на песок – рече тој.

Слични содржини