Во гондолите во Венеција сега може да се возат најмногу 5 лица, бидејќи туристите се здебелени

од Aleksandar Petrovski

Максималниот број патници во помалите чамци во Венеција е намален од шест на пет. Причината за ова не е, како што многумина би размислувале среде пандемија, држење растојание, туку зголемената тежина која се превезува бидејќи туристите стануваат се повеќе дебели.

Ограничувањето на гондолата од типот да ноло, со која туристите обично одат на обиколка низ Венеција по вода, е намалено од шест на пет патници, пренесува британскиот Гардијан.

Исто така, на гондолите од типот да парада, со чамци кои претежно преминуваат од едниот крај на најголемиот канал во овој италијански град до другиот, може да има најмногу 12 лица, наместо претходните 14.

– Точно е дека туристите во просек се потешки денес отколку пред 10 или 15 години. За разлика од лифтовите каде што пишува која е максималната тежина на влегување луѓе, ние немаме вага да мериме луѓе, затоа го намаливме бројот на патници – објаснува Андреа Балби, претседател на Здружението на венецијански гондолиери.

Според него, поголемиот товар доведува до влегување на вода во пловилото.

Колегата на Балби од друго здружение за гондолиери, Раул Роверато, зборувајќи за италијанскиор весник Република, не бираше зборови: „Туристите се дебели. Теретни-бомби доаѓаат од некои земји, а кога бродот е целосно полн, понекогаш е повеќе од половина тон. Тоа може да биде опасно “.

Гондолиерската струка, која е заштитен знак на Венеција од 1094 година, денес има 433 редовни и 180 гондолиери на замена.

Слични содржини