„Во Грција ќе може да се влезе со потврда за примена на која било вакцина против Ковид-19“

од Vladimir Zorba

Во Грција ќе може да се влезе со потврда за примена на која било вакцина против Ковид-19, но како алтернатива ќе биде и влез со негативен ПЦР-тест, изјави вечерва министерот за здравство Венко Филипче.

„Разговарав со министерот за здравство од Грција и го прашав дали ќе има некаква селекција по однос на вакцините, но рече дека нема да има. Односно дека потврда за примена која било вакцина ќе биде еден од начините да се влезе во Грција, алтернативно на тоа ќе биде влез со негативен ПЦР-тест, но и тестирање на граница по случаен избор со брз антигенски тест“, рече Филипче.

Остави можност Грција да ги признае само вакцините кои се одобрени од ЕМА, меѓутоа ова не е дефинитивно потврдено. Негово лично мислење е дека не треба да се прави дискриминација по однос на типот на примената вакцина, бидејќи сè уште тешко се стигнува до вакцините.

Слични содржини