Во Грција од денеска повторно анти-ковид мерки: Се ограничува бројот на луѓе во супермаркетите

од Vladimir Zorba

Од денеска се помалку луѓе ќе можат да влезат во грчките супермаркети, бидејќи се враќаат анти-ковид мерки според кои едно лице мора да има девет квадратни метри слободен простор околу себе, пренесе „Катимерини“.

До петок во супермаркетите беа дозволени два квадрати по лице.

Оваа мерка се воведува затоа што идејата да се дозволи влез на невакцинирани во супермаркетите само со негативни брзи тестови засега е суспендирана, бидејќи се сметаше дека е тешко да се спроведе.

За идејата за брзи тестови говореше и министерот за локален развој Адонис Јоргијадис, кој рече дека (во министерството) се зборувало за опцијата невакцинирани лица да влегуваат во продавниците само со негативни брзи тестови, но имало проблеми во спроведувањето на идејата.

„Секако дека се размислува, но има проблеми, има некои наши сограѓани кои нема да направат ни брзи тестови, а не можеме да им ги одбиеме основните прехранбени производи“, додаде министерот за „Опен ТВ“.

Слични содржини