Во Грција расте бројот на новозаразени со коронавирус, 20 се Срби

од Stefanija Kuzmanovska

Властите во Грција објавија дека во последните 24 часа биле регистрирани 43 новозаразени со коронавирус, од кои 36 случаи биле „увезени“, јавуваат локалните медиуми.

Грчките медиуми тврдат дека повеќето од случаите потекнуваат од Србија, поточно 20 од нив, а останатите се од други држави. Властите во Грција ги затворија границите за граѓаните утрово во шест часот наутро, освен за потребните патувања за кои е потребна посебна дозвола, а српските граѓани кои веќе се во Грција како туристи, ќе можат да останат таму до крајот на аранжманот и да се вратат во Србија.

– Ги предупредуваме граѓаните да не одат во Грција за да ја избегнат ситуацијата голем број наши граѓани да се најдат на патот или на грчките гранични премини без можност да влезат на територијата на Грција – рече во неделата министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Портпаролката на владата, Аристотелија Пелони рече дека „според новите епидемиолошки податоци, решено е да се запре влезот на српските граѓани во Грција од понеделник, 6 јули, од 06:00 часот наутро до 15 јули“, објави АНА.

Според најновите податоци, 3.562 лица биле заразени со коронавирус, а 192 лица починале.

Слични содржини