Во Хаг: Статусна конференција за сите четворица началници на ОВК

од Берта Китинска

Првата статусна конференција во судскиот процес против поранешните припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, обвинети за воени злосторства и против човештвото, ќе се одржи денеска пред Специјализираните комори на Косово во Хаг.

Хаг најави дека конференцијата за статусот има за цел да ги разгледа аргументите на одбраната при првите настапи, да обезбеди информации за истрагата на обвинителството, докази што ги има обвинителството, да ги обелодени, бројот на сведоци на кои обвинителството ќе се потпре во постапката или да додаде дополнителни на списокот.

Беше посочено дека тие ќе зборуваат и за истрагата на одбраната и колку ќе трае ако постои.

Одбраната исто така може да обезбеди информации за алиби или друга основа што ја исклучува кривичната одговорност, доколку ги има.

Беше најавено дека ќе се дискутира за придружниот материјал со обвинението, односно за бројот на изјави на сведоци, изјави добиени од обвинетиот, запис, извештаи, аудио и видео материјал, фотографии.

Во обвинението, кое содржи 10 точки, Тачи, Весели, Красниќи и Селими се обвинети за разни видови кривична одговорност за воени злосторства и злосторства против човештвото во заедничко злосторничко претпријатие.

Меѓу другото, тие се обвинети за убиство на околу 100 Срби, Роми и Албанци, како и политички противници.

Сите четворица се изјаснија за невини за делата што ги товари Специјализираното обвинителство.

Слични содржини