Актуелно
Почетна / Глобално / Балкан / Во Хрватска 69 заразени со коронавирус

Во Хрватска 69 заразени со коронавирус

Денес во Хрватска се потврдени уште четири случаи на инфекција со коронавирус, регистрирани на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михалјевиќ“, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

„Имаме четири нови позитивни пациенти, што значи дека вкупниот број заразени е 69“, рече министерот за здравство Вили Берош на редовната седница.

Досега се тестирани 1109, а во тек се уште 50 тестови. „Повеќе тестирања укажуваат дека епидемиолозите ги лекуваат сите случаи за кои знаете и ги испраќаат најблиските за тестирање.

Епидемиолошката состојба се очекува да биде различна во наредните неколку дена “, рече Берош.

loading...