Во Хрватска 77 новозаразени со корона, починаа 5 лица

од Vladimir Zorba

Во изминатите 24 часа во Хрватска се потврдени 77 нови случаи на коронавирус, а пет пациенти починале, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита.

Во моментов, 881 случаи на коронавирус се активни во Хрватска, јавуваат хрватските медиуми.

Хоспитализирани се 134 лица, од кои девет се на респиратор.

Од почетокот на епидемијата, во Хрватска се потврдени 4.792 случаи на коронавирус, 133 лица починале, а 3.788 лица се опоравиле.

Слични содржини