Во Хрватска е регистриран првиот случај на делта плус коронавирусот

од Milan1

Во Хрватска во градот Чаковец е регистриран првиот случај на коронавирус делта плус, соопшти Хрватскиот завод за јавно здравје.

-Знаевме дека е пред вратата. Искуството со делта и алфа сојот ќе покаже колку е опасно. Засега се знае дека е нешто позаразно од делта соевите, истакнаа од хрватскиот завод за јавно здравје.

Делта Плус сојот беше класифициран од индиското Министерство за здравство како „варијанта на вирус кој предизвикува загриженост.

Оваа ознака покажува дека се чини дека е позаразна, полесно се врзува за клетките на белите дробови и е потенцијално отпорна на терапија со моноклонални антитела, што значи дека може да го пробие стекнатиот имунитет.

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош најави дека Републичкиот штаб денеска ќе донесе нов пакет мерки за сузбивање на ширењето на корона вирусот, меѓу кои ќе биде и пошироката употреба на потврдите за ковид, а нема да има нови затворања.

Сертификатите за Ковид во моментов се потребни само во здравствената и социјалната заштита.

Во четвртокот во Хрватска имаше 6.310 нови случаи на коронавирус, најмногу од почетокот на епидемијата. Речиси секој втор тестиран бил позитивен на вирусот.

Слични содржини