Во Хрватска кој прележал Ковид-19 ќе прими една доза вакцина

од Берта Китинска

Во Хрватска официјално е одлучено дека луѓето кои го прележале Ковид-19 треба да примаат само една доза од вакцината против оваа болест, а не две, пишуваат хрватските медиуми.

„Сега веќе има доволно податоци дека втората доза по заздравувањето од болеста не придонесува за нивото на антитела“, рече директорот на хрватскиот институт за јавно здравје Крунослав Чапак.

Според него, втората доза на вакцината треба да ја прими лице кое во меѓувреме се разболело, три до шест месеци по закрепнувањето.

Слични содржини