Во Индија над 24 милиони заразени, мутираниот вирус се шири низ целиот свет

од Vladimir Zorba

Бројот на пријавени случаи на КОВИД 19 во Индија се искачи на повеќе од 24 милиони во петокот, во услови на извештаи дека многу пренослив мутиран коронавирус се шири низ светот за прв пат откриен во таа земја.

Индиската варијанта на вирусот Б.1.617 е пронајдена во случаи во осум држави во САД, изјави Хаиро Мендез, експерт за заразни болести на СЗО, пренесе Ројтерс.

„Оваа варијанта има поголем капацитет за пренос, но досега не најдовме други несакани ефекти“, рече Мендез. „Единствено што ме загрижува е што се шири побрзо.

Според Министерството за здравство, Индија забележала 4.000 смртни случаи и 343.144 случаи на инфекција во последните 24 часа.

Тоа е трет ден по ред со 4.000 или повеќе смртни случаи, но дневниот број на заразени остана под минатонеделниот дневен рекорд од 414.188 случаи.

Додека вкупниот број на заразени надмина 24 милиони, бројот на лица за кои е потврдено дека починале од КОВИД 19 е 262.317, откако пандемијата ја погоди Индија пред повеќе од една година.

Но, недостатокот на тестирање на многу места значи дека многу луѓе починале без да бидат регистрирани, а експертите велат дека вистинската бројка може да биде пет до десет пати поголема.

Брамар Мукерџи, професор по епидемиологија на Универзитетот во Мичиген, рече дека повеќето модели предвидуваат врв оваа недела и дека знаците на овој тренд може да се видат во земјата.

Сепак, дневниот број на нови случаи е доволно голем за да ги преполни болниците, напиша тој на Твитер во четвртокот. „Клучниот збор е претпазлив оптимизам“.

Индија е најголем производител на вакцини во светот, но поради големата побарувачка, залихите исчезнаа. До четврток вакцинирани се нешто повеќе од 38,2 милиони луѓе или околу 2,8 проценти од населението со околу 1,35 милијарди, покажуваат владините податоци.

Повеќе од 2 милијарди дози вакцина против коронавирус најверојатно ќе бидат достапни во Индија од август до декември оваа година.

Слични содржини