Во Индија за еден ден повеќе од 4.000 мртви, тела пронајдени во реки

од Vladimir Zorba

ИНДИЈА објави мало зголемување на дневните случаи на Ковид-19 трет ден по ред, но бројот на загинати за 24 часа беше повеќе од 4.000 и вкупно 270.000 луѓе починаа во земјата.

Починатите се зголемија за 4.077, додека други 311.170 лица биле заразени – најмало зголемување на дневните случаи по повеќе од три недели, покажаа податоците на Министерството за здравство во неделата. Вкупно, оваа недела бројот на заразени се зголеми за повеќе од 2 милиони, а бројот на смртни случаи за скоро 28.000.

Масивниот втор бран на инфекции во Индија започна во февруари, предизвикувајќи колапс на болниците.

Бројот на заразени стабилно опаѓа во земјите погодени од првичната епидемија, како што се најбогатата држава Махараштра и северната држава Делхи, по воведувањето на строгите мерки.

Тела во реките

Федералните здравствени власти во саботата изјавија дека вкупната стапка на позитивни тестови се намали на 19,8 проценти оваа недела од 21,9 проценти минатата недела, што ги зголемува надежите дека дневниот број на нови инфекции започнал да се стабилизира.

Но, бројот на заразени нагло се зголеми во држави како Тамил Наду на југ и во руралните области. Премиерот Нарендра Моди во саботата ги повика официјалните лица да ги зајакнат здравствените ресурси во руралните области и да го засилат надзорот, бидејќи вирусот брзо се шири во овие области откако ги уништи градовите.

Отфрлените тела на жртви Ковид-19 се пронајдени во некои индиски реки, според писмото на државната влада што го виде Ројтерс во првото официјално признание за алармантната практика.

Според владиниот портал Co-WIN, објавен во неделата, најголемата земја што произведува вакцини вакцинирала нешто повеќе од 40,4 милиони луѓе или само 2,9 проценти од 1,35 милијарди жители.

Индија ќе има 516 милиони дози вакцина Ковид-19 до јули, изјави во саботата министерот за здравство Харш Вардан.

Слични содржини