Во индустриската зона во Ѓорче се фрла отпад во вечерните часови, вели Арсовска

од Nikola Popovski

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска била на увид како се одвива чистењето на депонијата во близина на индустриската зона во Ѓорче Петров.

-Дивите депонии во Скопје мора да бидат минато. Во индустриската зона во Ѓорче Петров постои континуиран проблем што во вечерните часови се фрла отпад, објасни Арсовска и најави дека започнува засилено работата на инспекциските служби на град Скопје и дека со глоби за фрлање на отпад на јавна површина ќе се казнуваат оние кои наштетуваат на животната средина и здравјето на граѓаните.

Таа потенцира дека од сите нас зависи во каков град живееме и нема да има отстапки.

-Време е да се стави ред. До 31 јануари ќе бидат исчистени дивите депонии кои ги детектиравме што веќе почнаа да се реализира во голем дел од општините во Скопје, а воедно се работи на системско решение за превенција, потенцира градоначалничката.

Слични содржини