Во Иран се појавува нов случај на заразен со коронавирус на секои 23 секунди

од Vladimir Zorba

Во изминатите 24 часа во Иран се евидентирани 3.825 новоинфицирани лица, односно по еден нов случај на секои 23 секунди, според податоците на Министерството за здравство на оваа земја.

Во истиот период, Иран забележа 211 смртни случаи со коронавирусот, што значи дека на секои седум минути починало едно лице.

Поради големиот пораст на новозаразени, вкупниот број на смртни случаи достигна 26.380 жртви, со повеќе од 460.000 заразени.

Портпаролката ги повика граѓаните да ги почитуваат санитарните мерки, особено да користат маски, што е задолжително во Иран.

Здравствените експерти повикаа на воведување карантин, со цел да се ограничи ширењето на инфекцијата, на што се спротивставува претседателот Хасан Рохани поради економската криза во земјата.

Слични содржини