Во Иран воз излета од шините, загинаа најмалку десет лица

од Stefanija Kuzmanovska

Патнички воз делумно излета од шините во источен Иран рано утринава, при што загинаа најмалку 10 патници, а уште 50 се повредени, од кои некои се во критична состојба, јави државната телевизија.

Според првите информации, несреќата се случила кога возот удрил во багер.

Четири од седумте вагони во возот излетаа од шините во близина на градот Табас, а спасувачките тимови пристигнаа во оддалечените области со амбулантни возила и три хеликоптери, каде патната инфраструктура е лоша, јавува АП.

Слични содржини