Во Италија, еден човек се обидел да киднапира автобус со околу 50 ученици,а потоа и го запалил, пренесе Дојче Веле. Инцидентот се случи во близина на Милано. Се смета дека сторителот бил на 47 години , од Сенегалско потекло.

Тој го грабнал бусот , им ги земал телефоните ама еден  сепак успеал да ја повика полицијата.
Подоцна тој бил запрен на пат од полицајците и тогаш човекот го запалил возилото, кое целосно изгорело.

Специјалците на полицијата влегоа преку  прозорците на автобусот и успеаја да ги спасат учениците . Околу 10 од нив беа примени во болница без сериозни повреди.

Киднаперот е уапсен. Според полицијата, тоа може да биде терористички чин , но човекот не е пријавен дека е поврзан со исламистите. Најверојатно, тој дејствувал сам.

Некои италијански медиуми објавија дека тој е викал дека треба да се престане со убивањето  на луѓе во Средоземното Море, и  обвинил за мноштвото трагични случаи со бегалци. Се истражуваат мотивите и детали за киднаперот.