Во Италија нови 619 починати

од Vladimir Zorba

Во Италија, до петок биле заразени 147.577 лица, а 18.849 починале. Денес, тие бројки се зголемија на 152.227 заразени и на 19.468 починати.

Значи, во последните 24-часа загинаа уште 619 луѓе, а 4.694 се новозаразени, јавува Кориере Дела Сера.

Потсетуваме дека земјата со најголем број заразени лица и понатаму е САД. Повеќе од половина милион луѓе се заразени во земјата.

Шпанија е на второ место со 161.852 заразени. Зад Италија се Франција и Германија и дури потоа е Кина.

Слични содржини