Во Италија повеќе од 2 милиони луѓе заразени со корона

од Vladimir Zorba

Италија стана осмата земја во светот во која бројот на заразени со коронавирусот надмина два милиони, откако во последните 24 часа беа регистрирани 18.040 нови случаи на коронавирус.

Повеќе од два милиони луѓе се заразени со Ковид-19 во Италија од почетокот на пандемијата, пренесе Ројтерс.

Бројот на смртни случаи од последиците од КОВИД-19 се зголеми за 505 во претходните 24 часа, објави италијанското Министерство за здравство.

За потсетување, од денес, цела Италија е во „црвената зона“ поради пандемијата на коронавирус. Сите мерки на забраната околу Божиќ стапија на сила и ќе важат четири дена со цел да се намали преносот на вирусот за време на празниците.

Слични содржини