Во Италија регистриран првиот случај на мајмунски сипаници

од Stefanija Kuzmanovska

Во болницата Спаланцани во Италија е регистриран првиот случај на мајмунски сипаници, соопштија денеска од таа болница.

Болницата во Рим наведува дека заразеното лице, кое пристигнало од Канарските острови, е во изолација, пренесува „Ројтерс“.

Мајмунските сипаници се ретка вирусна инфекција слична на човечката сипаница и за прв пат е забележана во Демократска Република Конго во 1970-тите.

Слични содржини