Во Италија се влошува состојбата – 174 новозаразени од корона, починале 22 лица

од Vladimir Zorba

Италија објави уште 174 потврдени заразени и 22 смртни случаи од коронавирус во поранешниот епицентар на епидемијата во Европа.

Неделното ажурирање на Министерството за здравство го потврди повеќенеделниот тренд дека сериозно погодените северни региони сè уште водат во бројот на заразени, додека јужните области имаат претежно едноцифрени броеви или воопшто нема случаи, пренесува Ројтерс.

Ломбардија е повторно на врвот на листата со 97 новозаразени, по што следат 21 во Емилија-Ромања. Локалните власти се обидуваат да го откријат изворот на жариштето кое се појави во курирска компанија која пријави десетици заразени оваа недела.

Осум јужни региони не пријавиле новозаразени лица во последните 24 часа. Пет други пријавиле само еден нов случај.

Вкупниот број случаи во Италија е 240.310, од ​​кои 34.738 се фатални.

Слични содржини