Во Италија тврдат: Милан ќе го откупи Ребиќ од Ајнтрахт

од Vladimir Zorba

Анте Ребиќ ќе биде откупен од Милан, пренесуваат италијанските медиуми. Хрватскиот репрезентативец пристигна во Милано на двегодишна позајмица од Ајнтрахт Франкфурт со клаузула во која „росонерите“ ќе имаат право на негов откуп за 25 милиони евра.

Ребиќ нешто послабо го одигра првиот дел од сеозна, но последните недели се повеќе се истакнува како еден од најдобрите фудбалери на Милан.

Со игрите им „влезе под кожа“ на Паоло Малдини и на Звонимир Бобан кои веќе почнаа преговори со бундеслигашот за откуп до што наскоро и ќе дојде.

Слични содржини