Во Италија уапсен маж кој е осомничен за помагање на терористичките напади во Париз

од Stefanija Kuzmanovska

Алжирец беше уапсен во италијанскиот град Бари под сомнение дека како член на т.н. Исламска држава им помагаше на извршителите на координирани напади во Париз во 2015 година во кои беа убиени 130 лица.

36-годишниот маж е осомничен за набавување фалсификувани документи за вооружените напаѓачи и бомбардери кои ја нападнаа концертната сала Батаклан во Париз, како и блиските ресторани и стадионот „Стад де Франс“.

Нападите во Париз, во кои беа ранети стотици луѓе, беа најсмртоносниот напад во Франција од Втората светска војна.

Подоцна во понеделникот полицијата треба да одржи прес-конференција и да даде повеќе детали за апсењето.

Слични содржини