Во Италија уште 117 починати, повеќе од една третина од новозаразените во Ломбардија

од Stefanija Kuzmanovska

Уште 117 пациенти заболени од коронавирус починаа денеска во Италија, така што вкупната смртност во таа земја е поголема од 33.000, додека властите посочуваат дека веројатно нема никогаш да се знае вистинскиот број, затоа што многумина со симптоми на коронавирус починале во нивните домови без претходно тестирање.

Во Ломбардија, северниот регион, кој регистрираше повеќе од една третина од заразените на национално ниво, денес се пријавени 384 инфицирани, далеку повеќе од вториот најтешко погоден регион Пиемонт, исто така на северот каде има 73 новозаразени.

Министерството за здравство и другите владини службеници внимателно ги следат регионите и бројот на заразени лица по ублажување на многу рестриктивни мерки, вклучително и отворање на сите малопродажни објекти, како и кафулиња и ресторани.

Италијанците чекаат информации за тоа дали ќе можат слободно да се движат помеѓу сите региони или само меѓу некои од 3 јуни, со оглед на стапката на инфекција.

Во моментов, патувањето помеѓу регионите е дозволено само во случај на итна потреба.

Италија денес регистрираше 584 новозаболени, со што вкупниот број се зголеми на 231.139, според податоците на Министерството за здравство.

 

Слични содржини