Во Италија уште 812 смртни случаи: Вкупно 11 591 починати

од Nikola Popovski

Бројот на смртни случаи на коронавирус во Италија се зголеми за 812 на 11.591, соопштено е денеска во Рим.

Излечени се вкупно 14.620 пациенти, пренесува Танјуг.

Италија е земја со најголем број смртни случаи од коронавирус, повеќе од една третина од случаите ширум светот. Највисок број на жртви во Италија имале во петокот, кога загинале 919 луѓе.

Италија веројатно ќе остане во карантин најмалку уште две недели, изјавија италијанските власти, во време кога се очекува да пад во бројот на нови случаи со коронавирус.

Гувернерот на Ломбардија, Атилио Фонтана, рече дека владата треба да го продолжи скоро целосното ограничување на движењето и деловните активности, воведени низ целата земја од 9 март.

Слични содржини