Во Италија вакцинација и навечер

од Stefanija Kuzmanovska

Во Италија досега 19.400 лица се вакцинирани против корона. Владата планира да го зголеми бројот на вакцинирани и, доколку е потребно, да се врши вакцинација и навечер.

За таа цел, се планира да се вклучат илјадници сега невработени лекари во кампањата за вакцинација.

Претседателот на Федерацијата на италијански онколози, кардиолози и хематолози, Џордано Берета, бара пациентите од онкологија да бидат ставени во групата на оние кои имаат предност во вакцинацијата, а пред се и пациентите на кои имунитетниот систем е намален поради терапија.

Според него, нема значителни разлики помеѓу антивирусните вакцини што сега се достапни, разликите се само од логистичка и оперативна природа.

Слични содржини