Во Италија во изминатите 24 часа починале 119 лица од коронавирус 

од Stefanija Kuzmanovska

Во Италија во изминатите 24 часа починале 119 лица како последица на коронавирусот, што е помал број отколку во петокот, кога починаа 130 лица, објави граѓанската заштита на таа земја.

Според „Ројтерс“, денес се пријавени 669 случаи на инфекција, што е малку повеќе од претходниот ден кога имаше 652 нови случаи.

Од 21 февруари, кога беа пријавени првите жртви, починаа вкупно 32.735 лица.

Слични содржини