Во изминатото деноноќие хоспитализирани 8 пациенти, вкупно се лекуваат 290 позитивни и сомнителни на Ковид 19

Само во изминатото деноноќие, во главниот град се хоспитализирани 8 пациенти сомнителни или потврдени случаи на Ковид 19, а вкупно 290 лица се лекуваат активно во ковид центрите, односно инфективните одделенија во Скопје.

На интерните клиники пак, 2 нови приеми се регистрирани во последните 24 часа.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 4 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 2 во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 8 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 21 пациент, на Клиниката за неврологија 23 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 24 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 21 пациент. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 16 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 94 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 82 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 8 пациенти.

Слични содржини