Пријавени 37 починати лица од КОВИД-19, десет од нив во период од 15-25 април

од Andreja Salpe

Министерството за здравство денеска соопшти дека нови 37 лица починаа како последица на ковид-19.

Од нив, 11 се од Скопје ( 50г, 54г, 57г , 58г, 71г, 74г, 82г, 84г, 85г, 87г, 89г ), 8 лица од Струмица (63г,64г, 66г,70г, 71г,76г,76г и 79г), 4 лица од Битола (67г, 74г, 82г и 88г), по 3 лица од Тетово (56г, 60г и 67г) и Штип (63г, 72г и 77г), по 2 лица од Куманово (75г и 79г), Кавадарци (64г и 73г), и Кочани (77г и 88г), и по едно починато лице од Прилеп (82г), и Свети Николе (58г).

Три пациенти се починати во домашни услови, а останатите 34 се починати во болнички услови.

Пријавени се 10 пациенти кои се починати во период од 15-25.04.2021.

Од почетокот на корона-кризата во државава животот гозагубија 4.855 лица.

Слични содржини