Во израелските напади во Газа убиени 31 дете и 19 жени

од Vladimir Zorba

Уште десет Палестинци беа убиени во израелски напади во блокираниот појас Газа, со што бројот на убиени лица се зголеми на 119 од почетокот на нападот, пренесe Анадолија.

Израелските сили продолжуваат да вршат напади врз Газа за време на Курбан Бајрам. Палестинското Министерство за здравство во Газа соопшти дека уште десет Палестинци ги положиле своите животи како маченици, со што бројот на загинати во израелските напади од 10 мај е зголемен на 119.

Во соопштението се вели дека меѓу убиените има најмалку 31 дете и 19 жени, како и дека бројот на ранети во израелските напади се искачи на 830. Во претходната изјава на министерството се вели дека во израелските напади во Газа биле убиени 109 лица, а 621 се ранети.

Палестинците во Ел-Кудс веќе неколку дена протестираат поради израелските рации и судските одлуки за протерување на палестинските семејства од населбата Шеик Џараха. Тензиите ескалираа откако израелските сили извршија напади врз верници во комплексот Ал-Акса на 7 мај.

Палестинските групи им дадоа рок на израелските безбедносни сили до 10 мај до 18 часот да се повлечат од населбата Шеик Џара и комплексот Ал-Акса. Израелските сили не се повлекоа и ги продолжија нападите, а палестинските групи започнаа да ракетираат кон Израел.

Израелската армија започна со напади врз Газа, а истовремено израелските сили уапсија стотици Палестинци на израелска територија.

Слични содржини