Во Јапонија од денеска важат строги казни за сајбер насилство

од Stefanija Kuzmanovska

Навреда на луѓе преку Интернет во Јапонија може да се казни со затворска казна од една и пол година и други тешки казни, одлучија јапонските власти.

-Примената на построги казни е значајна, бидејќи „покажува дека законските регулативи го третираат сајбер-насилството како кривично дело со кое треба сериозно да се постапува и делува како средство за одвраќање од такви дејствија – рече јапонскиот министер за правда Јошихиса Фурукава на прес-конференција, пренесува „Кјодо“.

Максималната казна за онлајн навреди во Јапонија сега е 2.200 долари, а најсериозните облици на сајбер малтретирање се казнуваат со година и пол затвор.

Слични содржини