Во Јунајтед не се загрижени за селекцијата – бараат вистински играчи по вистинска цена

од Vladimir Zorba

Навивачите на Манчестер Јунајтед се загрижени поради бавниот развој на летната селекција – нешто што се случуваше во последните години. Тоа беше причина за протест против извршниот директор Ричард Арнолд, кој беше прекинат, откако првиот човек на клубот отиде да разговара со приврзаниците. Сепак, Sky Sports објаснува дека самиот клуб не е загрижен, има јасна стратегија и одвоил доволно пари за селекција. Целта е да се привлечат вистинските играчи по вистинска цена.

Трансфер број 1 останува Френки де Јонг. Разговорите меѓу Јунајтед и Барселона продолжуваат, а се уште постои несовпаѓање помеѓу сумата што ја сакаат Каталонците и сумата што „црвените ѓаволи“ се подготвени да ја дадат. На „Олд Трафорд“ се уверени дека можат да го финализираат трансферот, но нема да дадат повеќе пари отколку што мислат дека е цената на играчот.

Клубот продолжува да има интерес за крилниот напаѓач на Ајакс Ентони и дефанзивецот Лисандро Мартинез. Дефанзивецот беше стартер кај Тен Хаг во последните три сезони во Ајакс. Зајакнувањето на одбраната не е меѓу приоритетите на клубот, но работат во оваа насока. „Црвените ѓаволи“ се свртеа кон Мартинез откако Јуриен Тимбер доби совет од холандскиот селектор Луис Ван Гал да не се пресели во Манчестер Јунајтед, бидејќи ќе го ризикува своето место на Светското првенство.

Во однос на оние кои заминуваат од „Олд Трафорд“, преговорите меѓу клубот и Нотингем за голманот Дин Хендерсон продолжуваат. Манчестер Јунајтед сака да го изнајми, додека Форест сака да има откупна клаузула во договорот следното лето. Двата клуба се уште не се договориле колку од неговата плата ќе исплаќаат „црвените ѓаволи“.

Арон Ван-Бисака е подготвен да се бори за место во тимот следната сезона, но во оваа фаза од кариерата сака да игра редовно. За него се заинтересирани неколку англиски клубови, но нема официјални понуди. Манчестер Јунајтед би прифатил добра понуда за дефанзивецот, но не инсистира да се раздели со него. Ван-Бисака има договор за уште две години, а клубот има опција да го продолжи за уште една.

Слични содржини