Во јуни 2022. година издадени за 13.4 % помалку одобренија за градење во однос на истиот месец лани

од Vladimir Zorba

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2022 година се издадени 277 одобренија за градење, што е за 13.4 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 691 127 илјади денари, што е за 19.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 132 (47.7 %) се наменети за објекти од високоградба, 57 (20.5 %) за објекти од нискоградба и 88 (31.8 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 277 објекти, на 147 (53.1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 130 (46.9 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 550 станови, со вкупна корисна површина од 40 493 м2.

Слични содржини