Во јуни отворени 850.000 работни места во САД, пазарот сè уште далеку од закрепнување

од Stefanija Kuzmanovska

Американската економија создаде повеќе работни места во јуни отколку што се очекуваше, но пазарот на трудот е сè уште далеку од закрепнување од пандемијата, соопшти Министерството за труд.

Вкупно 850.000 работни места беа отворени во јуни, додека аналитичарите предвидоа дека ќе бидат 680.000.

Меѓутоа, стапката на невработеност се зголеми благо за 0,1 процентен поен на 5,9 проценти, а бројот на регистрирани невработени е непроменет – 9,5 милиони.

„Тие показатели се значително пониски од врвот (кризата) во април 2020 година, но сепак се далеку под нивоата пред пандемијата на коронавирус“, рече министерството, потсетувајќи дека стапката на невработеност во февруари 2020 година е 3,5 проценти и дека има 5,7 милиони невработени.

Официјалните податоци објавени денес се доказ дека повторното отворање на американската економија охрабрува силно закрепнување од пандемиската рецесија. Посетите на ресторани низ целата земја скоро се вратија на нивоата пред пандемија и повеќе луѓе купуваат, патуваат и присуствуваат на спортски и други настани.

Бројот на луѓе кои патуваат дневно се врати на околу 80 проценти од нивото пред Ковид-19, а довербата на Американците во економските изгледи е скоро целосно обновена. Како резултат на тоа, многу работодавци сакаат да вработат луѓе и објавија рекордно висок број на слободни работни места.

Вработувањето во јуни беше особено силно во категоријата, која вклучува претежно ресторани, барови и хотели, кои заедно апсорбираа најголем дел од отпуштањата поради рецесијата. Во таа категорија, во јуни беа отворени 343.000 работни места. Владата додаде 188.000 работни места, главно во образованието. Се зголеми и вработувањето на мало, со 67.000 вработувања.

Слични содржини