Во Јужна Кореја помалку од 50 новозаразени, првпат од февруари

од Aleksandar Petrovski
Јужна Кореја пријави помалку од 50 новозаразени првпат по врвот на епидемијата кон крајот на февруари, а Светската здравствена организација ја пофали борбата против ширењето на болеста во една од првите тешко погодени земји.

Корејскиот центар за контрола и превенција соопшти дека до недела на полноќ има 47 новозаразени, во споредба со 81 лице од претходниот ден.

Во Јужна Кореја има вкупно 10.284 заразени лица, починати се 191, а 6.598 се излекувани.

Јужна Кореја ја стави епидемијата под контрола, со околу 100 или помалку случаи на ден во текот на изминатиот месец, но ова е првпат од 29 февруари, бројот на новозаразени да биде помал од 50.

Како што пренесуваат странските агенции, во февруари, Јужна Кореја беше земја со најмногу заразени надвор од Кина. Сепак, преку масовно тестирање и барање контакти земјата успеа да го спречи ширењето на вирусот, кој се шири многу побрзо во другите земји.

Слични содржини