Во Канада пронајден дијамант од 552 карати

од desk2

Станува збор за значајно откритие , поради тоа што ова е најголемиот пронајден дијамант во северна Америка.

Димензиите на пронајдениот дијамант од 552 карата се 33,74×54,56 мм, тој е значително поголем од 187,7 каратниот дијамант пронајден во истиот рудник во Канада во 2015 година.

Дијамант со вакви димензии е неочекувано откритие во овој дел на светот. Дијамантот го пронашле рудари од компанијата Diavik Diamond Mine.

Дијамантот е веќе анализиран и одлучено е да не се продава цел , туку да се реже и продава во делови.

Вредноста на дијамантот засега не е проценета, а претходниот рекорден примерот од 187,7 карати по сечењето бил продаден за 1,3 милиони долари.

Слични содржини