Во Киев повторно има струја, по масовниот руски ракетен напад

од Stefanija Kuzmanovska

Поголемиот дел од главниот град на Украина, Киев, повторно има струја по последниот руски ракетен напад врз електроенергетскиот систем на земјата во кој загинаа шест лица, соопштија официјални лица.

Русија, не можејќи да напредува на бојното поле во источните региони, веќе неколку месеци оддалеку ја бомбардира енергетската инфраструктура на Украина за да го принуди Киев да преговара за мир според условите на Москва.

Украинските власти се борат да ги поправат штетите од разорните бомбардирања во урбаните средини, кои имаа ефект да го сменат текот на војната, која влезе во втората година.

Институтот за проучување на војната во Вашингтон соопшти дека „тие ракетни напади нема да ја поткопаат волјата на Украина, ниту да ги подобрат позициите на Русија на фронтот“.

Украинскиот воен аналитичар Олех Жданов рече дека Русите ја напаѓаат цивилната инфраструктура бидејќи не можат ефективно да ги таргетираат украинските воени инсталации.

Слични содржини