Во Кина се појави нов вирус: 35 лица заразени – имаат треска, замор, кашлица

од Nikola Popovski

Нов тип на хенипавирус од животинско потекло, наречен „Langia henipavirus“, кој може да зарази луѓе е пронајден во источната кинеска провинција Шандонг и централната кинеска провинција Хенан, а досега има заразено 35 лица во двете провинции, се вели во написот објавен во New England Journal of Medicine (NEJM) од страна на научници од Кина и Сингапур.

Нов тип на хенипавирус е пронајден во примероци од брис од грло кај фебрилни пациенти во источна Кина со историја на неодамнешен контакт со животни, пишува „Global Times“.

Научниците вклучени во студијата забележаа дека овој новооткриен хенипавирус, кој можеби потекнува од животни, е поврзан со некои фебрилни случаи, при што заразените луѓе имаат симптоми како треска, замор, кашлица, анорексија, мијалгија (мускулна болка) и гадење.

Понатамошната истрага покажа дека 26 од 35 случаи на инфекција со хенипавирусот во провинциите Шандонг и Хенан развиле клинички симптоми како треска, раздразливост, кашлица, анорексија, мијалгија, гадење, главоболка и повраќање.

Хенипавирусот е еден од важните причинители на зооноза во азиско-пацифичкиот регион, објавија шангајскиот медиум „Тhepaper“, истакнувајќи дека и вирусот Хендра (HeV) и вирусот Нипах (NiV) од овој род се познати по тоа дека можат да ги инфицираат луѓето преку лилјаци, кои се природни домаќини на двата вируса.

Хенипавирусот може да предизвика тешки болести кај животните и луѓето и се класифицирани како вируси на ниво на биосигурност 4 со стапка на смртност помеѓу 40-75 проценти, според Светската здравствена организација (СЗО), истакнувајќи дека тоа е многу повисока од стапката на смртност на коронавирусот.

Сепак, во моментов не постои вакцина или третман за хенипавирус и единствениот третман е супортивна нега за справување со компликации.

Случаите на „Langia henipavirus“ досега не биле фатални или многу сериозни, така што нема потреба од паника, рече Ванг Линфа, професор во Програмата за новозаразни болести на Медицинскиот факултет Дјук-НУС, кој беше вклучен во студијата, додавајќи дека ова се уште е причина за тревога бидејќи многу вируси кои постојат во природата имаат непредвидливи резултати кога ги инфицираат луѓето.

Досега, не е пронајдено значајно просторно или временско групирање на „Langia henipavirus“, што значи дека преносот на вирусот од човек на човек не е докажан, иако претходните извештаи сугерираат дека вирусот може да се пренесе од човек на човек.

– Коронавирусот нема да биде последната заразна болест што ќе предизвика светска пандемија, бидејќи новите заразни болести ќе имаат зголемено влијание врз секојдневниот живот на луѓето, рече Ванг Ксињу, заменик главен лекар во Одделот за заразни болести на болницата Хуашан на Универзитетот Фудан.

Фото: ANDY WONG/AP

Слични содржини