Во Кина веќе има 450 милиони корисници на 5Г мрежата

од Milan1

Според владини податоци, во Кина веќе има 450 милиони корисници на 5Г мрежата, технологија дизајнирана да внесе револуција во мобилниот интернет.

5Г Интернетот, чија брзина е 100 пати поголема од 4Г, овозможува пренос на големи количини на податоци за многу кратко време.

Кина, која беше една од првите земји што официјално лансираше 5Г во 2019 година, е пионер на ова поле благодарение на технолошкиот напредок на нејзиниот лидер „Хуавеј“.

Повеќето од паметните телефони што се продаваат во земјата каде што локалните брендови доминираат на пазарот се компатибилни со 5Г.

Околу 450 милиони луѓе во Кина користеле 5Г барем еднаш, што е повеќе од целата популација на ЕУ, според Министерството за индустрија и информатичка технологија. Во 2025 година, речиси сите градови и села во земјата ќе бидат поврзани на 5Г мрежата, соопшти Министерството

Слични содржини