Во кои случаи парното ќе грее цела ноќ?

од Берта Китинска

Помошник-директорката во ЕСМ, Александра Маројевиќ, во своето гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат говорејќи за времетраењето на парното греење во текот на 24 часа, рече дека загарантираното загревање, од 6 до 22 часот може да се менува во зависност од температурните осцилации и метеоролошките услови. Таа изрази очекување дека со паѓање на дневните температури нема да има потреба од дневни прекини на испораката на топлина, а во случај на потреба, греењето може да продолжи и после 22 часот.

„Како ќе паѓаат надворешните температури, есенско и зимно време, очекуваме времето на испорака да се продолжи. Ако загарантираното греење е од 6:00 до 22:00, ова 22:00 ќе се продолжи ако температурата во 22:00 е -8 степени, ќе се грее цела ноќ. Тоа е еден максимум, при што, ноќе испораката не е во фул обем, како што е преку ден. Таканаречен ноќен режим“, вели Маројевиќ.

Слични содржини