Во Косово 181 нови случаи на коронавирус, починаа 3 лица

од Vladimir Zorba

Во последните 24 часа, од 463 тестирани лица, во Косово се регистрирани 181 нови случаи на коронавирус, а починаа три лица, објави Националниот институт за јавно здравје на Косово.

Во истиот период биле излечени 125 пациенти.

Од почетокот на епидемијата во Косово се евидентирани 9.869 случаи на Ковид-19, а починале 303 лица, пренесува Косово онлајн.

Вкупниот број на активни случаи е 3.961, додека бројот на излечени достигна 5.480.

Слични содржини